Иницијативата „Глас за градот“ на ТЕРА Телевизија придонесува за позитивни придвижувања во градот кој сепак за две недели ќе го празнува својот 80 годишен роденден.
Населба Боримечка се простира во таканареченото Градско Поле во источниот дел на градот Битола веднаш под Железничката станица. Во неа спаѓаат улиците: Бистра, Боримечка,Индустриска, Прогрес, Солунска. Има околу 400 куќи во кои живеат преку 2.000 луѓе. Се работи за една од најиндустриските населби во градот. Фабрики и производствени погони се раѓаат и затвораат на една година. Сите тие работат со странски фирми, а често и туристи тука заглавуваат- затоа што навигацијата тука ги донела.

Кога во населбата влегувате од источна страна- ќе ја пронајдете можеби една од последните улицисо калдрма. Преминува во земјен пат, со густа вегетација до самите огради од жица на имотите кои се во приватна сопственост. Ниту овде неможе да се зборува за коловоз и печачки дел – се е топтан, заедно.
Просторот има затворена пруга од некои други времиња кога фабриките работеа. Отворените цевки поставени на некои од деловите укажуваат на фактот дека сеуште има недовршена канализациона мрежа.
Просторот користи една продавница. Лоцирана до претставништво на државното претпријатие Македонија пат. Отспротива има детско игралиште. Многу родители и деца секојдневно го минуваат патот којшто е дел од детскиот парк, односно паркиралиштето за автомобили на шретпријатието. Насловено Клуб Боримечка, направено со напор на жителите, ова паркче покажува дека многу одамна имало светли денови. За крлешките подедакво се борат и пластичните шишиња и автомобилите. Ова соседство не е во својот врв. Иако жителите а Боримечја сметаат дека се дел од градот, сепак генералниот впечаток укажува на превид во одржувањето во хигиенските практики, што кога се работи за детски паркови или игралишта, може да доведе до поголоеми проблеми од здравствен карактер.
Рутинското чистење го спречува натрупувањето на штетни бактерии и вируси, намалувајќи го ризикот од инфекции. Треба да се исчистат и играчките, не само просторот. Од друга страна убаво уредениот простор и задржана хигиена може да влијае и на поимањето за нештата во заедницата во спрега со индивидуалната благосостојба.
И тоа е дел од работата на локалната самоуправа, на кандидатите кои од крајот на оваа година ќе го водат, организираат, уредуваат животот во целата општина.












