ТЕРА

REKLAMA???

ВО 43 ОПШТИНИ ЗАВРШИЈА ИЗБОРИТЕ, ВО 33 ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ

Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат  854.620 граѓани, соопшто Државната изборна комисија.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно примените оригинални записници од сите ОИК, во 33 општини за две недели на 2 ноември ќе има втор изборен круг за избор на градоначалник.

Со тоа според првичните официјални резултати, во првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички места во 33 општини, коалицијата ВРЕДИ во пет, НАИ во три и СДСМ во три.

Во четири општини каде што не се исполнети законските услови за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, ќе се повтори целиот прв изборен круг и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати.

Повторување на првиот круг на избори поради недоволен цензус ќе има во Гостивар, во Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа.