Во Могила ќе има втор круг. На првиот круг од гласањето Драганчо Саботковски од Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,17 % од гласовите или 1.662 гласови, наспроти независниот кандидат Сашо Пивковски кој освои 37,07 % од гласовите или 1.253 гласа.
Во Новаци во прв круг победа однесе Стевче Стевановски, кандидат на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 53,65 % или 984 гласови, наспроти Љубе Кузмановски од Коалицијата за локални избори 2025 година предводена од СДСМ со освоени 24,75 % или 454 гласови.
Во Ресен изборите за градоначалник завршија во прв круг. Јован Тозиевски од Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 56,25 % или 4.299 гласови, наспроти Александар Бузлевски од Коалицијата за локални избори 2025 година предводена од СДСМ кој освои 25,80 % или 1.972 гласови.
И во Демир Хисар изборите завршија во прв круг. Никола Најдовски од Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 53,91 % или 2.184 гласови, наспроти Златко Кузмановски од Коалицијата за локални избори 2025 година предводена од СДСМ кој освои 23,28 % или 943 гласови.
И во Кривогаштани изборите завршија во прв круг со победа на кандидатот на СДСМ. Во Долнени ќе има втор круг, потоа во Македонски Брод, Кичево и во Крушево. Во Пласница изборите завршија во прв круг.




















