На домашни животни местото не им е во градот. Вака реагираат жители на битолската населба Недопирливи кои деновиве ни испратија видео снимки од кози како се движат низ населбата.
Од нив може да се види дека козите се движат и во близина на самиот коловоз. Ваквите ситуации се потенцијално опасни и во сообраќајот, бидејќи би можеле да ги изненадат возачите и да дојде до непосакувани незгоди.
Некои од жителите реагираат дека го затекнале истото стадо во придружба на овчарски кучиња поради што не се чувствуваат безбедно додека се движат во близина.
Во нова Битола пак може да се забележат и коњи како слободно пасат на јавните зелени површини.













