ТЕРА

REKLAMA???

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: ОБЛАЧНО АМА ТОПЛО

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.

Оваа прогноза ја објави денеска УХМР. Според нивните информации, во текот на ноќта иако во телови од државата се чувствувало зимско влажно време, сепак минималните температури не паднале под нулата.  2  степени Целзиусови биле измерени во Крушево со што тој е најстудениот град, 5 степени во  Берово, Маврови Анови, 6 Крива Паланка, Лазарополе.

Во пелагониските Прилеп и Битола минималната измерена температура до 7 часот утринава била 7 степени Целзиусови.

10 степени минимална температура на воздухот била измерена во Куманово, Скопје – Зајчев рид, а најтопло синоќа било во Гевгелија и Струмица, кадешто биле измерени 11 степени.

И денеска УХМР најавива дека до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.