ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА ВРЕМЕТО ВЛАЖНО НО ПРИЈАТНО

Утринската температура во Битола и околината е 11,2 степени Целзиусови, влажноста на воздухот 100% и дува слаб северо-западен ветер.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд – e прогнозата на УХМР за денеска 10.11.2025 година.  „Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.“

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.

Во текот на последните 24 часа количината врнежи регистрирана во мерните станици на УХМР изнесува 42 литри на квадратен метар ( л/м2) во  Струмица, 36 Гевгелија, 30 Пожар-Радовиш, 29 Претор, 26 Битола, 24 Крушево, 23 Тополчани, 18 Попова Шапка, Маврови Анови, 17 Прилеп, 16 Демир Капија, 15 Берово, 14 Пожаране, Виница, 12 Тетово, 10 Штип, Ѓуриште, 9 Лазарополе, Кавадарци, Крива Паланка, Кавадарци, Велес, 8 Скопје–Петровец, Куманово, 6 Скопје-Зајчев Рид.