ТЕРА

REKLAMA???

ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ СЛИЧНИ ТРОШОЦИ, РАЗЛИЧНИ ПЛАТИ

397 евра изнесува минималната плата во Македонија. Во време кога животните трошоци секојдневно растат, оние кои живеат од минимална плата велат дека едвај врзуваат крај со крај. Сметаат дека и следното законско усогласување планирано за месец март во износ од 1.600 денари, нема да биде доволно за покривање на животните трошоци. Тогаш минималната плата во Македонија ќе се искачи на 423 евра.

Но, дури и со вакви бројки поразително е дека Македонија заостанува зад целиот регион, при што повеќето од земјите во соседството веќе имаат испланирано зголемување на минималните плати на стартот на 2026 година. Животните трошоци во земјите во регионот се слични како и во Македонија, но платите се различни.

Во Србија минималната плата изнесува 500 евра, додека од јануари ќе се зголеми на 550 евра. Косово од јануари ја зголемува минималната плата на 500 евра. Од актуелните 512 евра во Република Српска минималната плата следната година ќе порасне на 734 евра.

Во Црна Гора неквалификуваните работници добиваат 600 евра минимална плата, додека квалификуваните 800 евра. И Босна и Херцеговина новата година ќе ја започне со минимална плата повисока од 500 евра.

Во Македонија евидентен е растот на минималната плата во последната деценија, но според синдикатите тоа не е доволно.

Статистички гледано од 2015 година кога минималната плата изнесуваше 9.590 денари, евидентно е дека минималната плата досега пораснала повеќе од двојно.



Така, во 2020 година минималната плата изнесувала 14.500 денари, во 2022 година пораснала на над 15.000 денари, во 2024 година се искачила нешто повеќе од 20.000 денари, за годинава да биде нешто над 24.000 денари.

Ова значи дека Македонија се уште не стигнала до 500 евра минимална плата, нешто што синдикалните организации и работниците го бараат со цел зголемување на нивната реална куповна моќ.