Заедно за општество без бариери – порачаа на денот на лицата со попреченост сите граѓани на светот кои својот живот го минуваат со некаков вид на попреченост – физичка, интелектуаална, сензорна или комбинирана.
Меѓународниот ден на лицата со попреченост е ден кој се слави секоја година на 3 декември низ целиот свет. Како и другите вакви денови прогласнени од ООН и СЗО има за цел да ја подигне свеста за проблемот, присутен секаде и во секое време – и кај граѓаните и кај властите и кај приватните и кај јавните здравствени установи. Правата се запишани во Конвенција за правата на лицата со попреченост и со 2030 – Агендата за одржлив развој. Но според најновите податоци , во државава, иако е ратификувана, почитувањето на Конвенцијата има сериозни предизвици и отворенипрашања. Народниот правобранител во својот извештај вели дека во 2023 година била донесена и нова Национална стратегија за правата на лицата со попреченост и нов Акционен план со времетраење до 2026 година. Но, многу од правата кои се ставени на хартијата не се реализирани. Таков е случајот со пристапноста за инвалидизираните лица, еднаквиот пристп до образоваени, услугите, правото на независно живеење. Институциите кои треба да ги координираат активностите УНИЦЕФ ги оценува како несоодветни или со ограничен капацитет и сеуште има сериозни инфраструктурни, системски и социјални бариери: недостаток на пристапни јавни простори, недоволна пристапност до услуги, дискриминација, ограничени можности за образование и работа, културна и институционална стигма.
Се на се ,според анализите и на УНЦЕФ и на ООН и меѓуанродната организација за заштита на лица со хендикеп, во македонија има неедкава и недоволна пракса за овозможуавње на правата на лицата со попреченост. Бариерите се физички, системски и социјални.
Во светот има 1,3 милијарди лица со попреченост, но различните политички системи не секаде овозможуваат фундаментално почитување на правата на лицата со попреченост. Недостапни се и здравствените услуги за овие лица , има земји во кои се недостапни или само многу скапи основните медицински помагала и медицинскиот третман, а многу од семејствата имаат социјален статус на сиромашни и целосно изолирани.
Според ООН, последните години иако многу се зборува, сепак од аспектот на правата на лчицата со попреченост, не се реализираат милениумските цели што светот си ги зададе.












