Едно од незаборавните изненадувања во овој новогодишен период за децата поддржани од Организацијата СОС Детско село беше возењето со Новогодишниот воз на Македонски железници.

Патувањето беше исполнето со многу смеа, возбуда и детска среќа.


„Во тие незаборавни мигови, шините не беа само пат, туку мост кон топлина, надеж и празнична магија“ велат од СОС Детско Село, најголемата организација за грижа и поддршка на деца без родителска грижа во Македонија.












