Променливо облачно време со сончеви периоди најавува Управата за хидрометеоролошки работи за 9 јануари. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.













