Светата Црква денеска го празнува пресветлиот и серадосен спомен на Пресветата Владичица наша Богородица-онаа која е избрана од сите поколенија, возвеличена од небесните сили и благословена меѓу жените-стои во објавата на Бигорскиот манастир.

Со Божествената архиерејска литургија чиноначалствуваше епископот Антаниски г. Партениј.
„Со слатко умиление и со духовна радост, светата Црква го празнува споменот на Пресветата Владичица наша Богородица – онаа која е избрана од сите поколенија, возвеличена од небесните сили и благословена меѓу жените. Таа, како пречиста и семилостива Мајка, како непоколеблива надеж и непрестајна застапничка на човечкиот род пред престолот на Севишниот, со тивка благодат и мајчинска топлина ги прегрнува срцата на сите што со вера и смирение и пристапуваат, излевајќи утеха, мир и небесна радост.
Нејзината љубов е тајна неискажлива и чудо над сите чуда. Преку неа се соединија небесното и земното, времето и вечноста, а човечкиот род беше возведен од падот кон светлината на спасението“-објавија од Бигорскиот манастир.














