Екипите на Јавното претпријатие „Комуна“ вчера на терен интензивно работеа на санација на поплавените делови во селата Норово и Врбоец, Крушевско.
„Се преземаат сите неопходни мерки за нормализирање на состојбата и безбедноста на граѓаните.
Воедно, ги повикуваме граѓаните навремено да нè информираат за секој проблем, со цел брза и ефикасна интервенција“-стои во информацијата на Општина Крушево.
Инаку, според надлежните, најмногу дожд наврнал во Крушево, 55 литри на метар квадратен.



















