Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Во второто коло, македонската тенисерка ќе се соочи со Тамара Зиданшек од Словениј. Ова е трето учество на Лина во Мелбурн.
Таа ја елиминираше Сиња Краус од Австрија (108. ВТА) со убедливи 2-0 во сетови (7-5, 6-0). Мечот траеше 62 минути, а Ѓорческа го освои со 2:0 во сетови (7:5, 6:0). Првиот сет беше вистинска борба до 5:5, пред Лина во 12-от гем да направи клучен брејк. Во вториот сет Лина доминираше до крај и успешно ја елиминираше Краус.
Видеото од мечот можете да го погледнете на следниот ЛИНК.













