ТЕРА

REKLAMA???

Верниците ќе можат да се поклонат пред моштите на Свети Василиј во Струмица

Православните верници утре и на 14 јануари ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Василиј Велики во Струмица.

Светите мошти на Свети Василиј Велики ќе бидат изложени во храмот и на 13 и на 14 јануари.

Годинава чествувањата во спомен на Свети Василиј Велики ќе бидат служени во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица, поради градежно-реконструктивните активности што се одвиваат во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во тој град.

Според распоредот на Богослужбите: Празнична вечерна служба е на 13 јануари, со почеток во 16:00 часот, додека пак Света Божествена Литургија на 14 јануари, со почеток во 08:30 часот.

Свети Василиј Велики е архиепископ Кесариски, кој бил роден во времето на царот Константин.

Петнаесет години во Атина ги изучувал филозофијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки од тоа време.

Во зрелите години се покрстил во реката Јордан, а 10 години бил епископ на Кесарија Кападокиска.

Василиј бил голем поборник за христијанството, морално чист и исклучително борбен.