ТЕРА

REKLAMA???

Од март стапува на сила новиот закон за заштита од пушењето

Новиот закон за заштита од пушењето се очекува да стапи на сила во март.

Според информации од здравствените власти се планира забрана не само на класичните туку и на електронските цигари, „вејп” апаратите и други уреди кои содржат никотин во сите угостителски објекти, фирми, јавни институции, автобуски и железнички станици, пазари и јавни места каде има повеќе луѓе.

Не смеат да се пушат цигари ниту во автомобил ако има малолетно дете.

Во рестораните и кафетериите ќе биде дозволено пушење само на терасите ако се отворени од 3 страни, а не како досега застаклени или преградени.

Законот предвидува и забрана за увоз и продажба на тутунски и никотински производи со вкусови и ароми.

Дополнително, се забранува видно изложување, промовирање и рекламирање на цигари и уреди преку маркети, телевизии, социјални мрежи и јавни настани.

Целта на законот е намалување на изложеноста на чад и аеросоли и спречување на нови генерации зависници.

„Предлог-законот прво ќе биде објавен на ЕНЕР, за потоа да следи фаза на јавна расправа. По завршување на консултациите и вградување на релевантните забелешки, текстот ќе се финализира и ќе се достави во владина процедура. Предложените законски решенија се очекува да придонесат за намалување на ризикот од болести поврзани со тутун и никотин, да се поддржи откажувањето од зависност и да се постави систем кој ќе води грижа за здравјето на граѓаните согласно европските стандарди и меѓународните обврски на државата“- објаснуваат од Министерството за здравство.