ТЕРА

REKLAMA???

Запален василичарскиот оган под вода во Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска во водите на Охридското Езеро кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган, со што го најавија доаѓањето на Стара нова година.

Со ова нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнувањето на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител -денот на рибарите.

Организаторите истакнуваат дека ваквите настани ја збогатуваат празничната атмосфера во Охрид и ја одржуваат врската меѓу локалната традиција и водените активности на езерото.