ТЕРА

REKLAMA???

Инфлуенсерите, влогерите, јутјуберите да се регистрираат, повика АВМУ

Инфлуенсерите, влогерите, јутјуберите да се регистрираат, повика Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, за првпат официјално беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини и јутјуберите како даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Со тоа, овие субјекти станаа предмет на регулација и имаат обврска да се регистрираат во АВМУ.

Агенцијата прецизираше кои инфлуенсери мора да се регистрираат. Обврската важи за физички лица кои ги исполнуваат сите следни критериуми:

објавуваат видеа на платформи како „Јутјуб“, “Инстаграм“, „Тикток“ и слично;

имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници;

остваруваат економски интерес од своите содржини;

во последните 12 месеци објавиле најмалку 24 аудиовизуелни содржини;

целта на содржините е да информираат, образуваат или забавуваат, а креаторот има уредничка одговорност за нив;

Со оглед на фактот дека станува збор за законска обврска, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува сите креатори на онлајн содржина, кои ги исполнуваат посочените критериуми, во најскоро можно време до Агенцијата да достават пријава за евидентирање во Регистарот.

Повеќе информации и потребната документација се достапни на веб-страницата на АВМУ, во банерот „Инфлуенсери/Влогери“, а дополнителни појаснувања може да се добијат и на е-адресата influenseri@avmu.mk.