Во првите 20 дена од годинава нивото на Преспанското Езеро се искачи дури за 32 сантиметри.
Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека за Нова година водостојот изнесуваше 841,25 метри надморска височина, а денес ( 20 јануари) 841,57 мнв.
Според ова, нивото е подигнато за 32 сантиметри. Зголемениот водостој се должи на обилните вренежи дожд во изминатите два месеца кои донесоа надеж за Езерото.












