ТЕРА

REKLAMA???

По 3.000 денари финансиска поддршка за секое прваче од Општина Прилеп

Помошта изнесува 3.000 денари за секое запишано прваче во учебната 2026/2027 година, откако Советот на Општина Прилеп деновиве го усвои Правилникот за доделување на еднократна парична помош.

Финанансиска поддршка ќе добие секое запишано прваче во основните училишта на територијата на општина Прилеп.

За таа цел од буџетот на Општина Прилеп се издвоени два милиони денари.

Воедно, советниците ја изгласаа и измената на Правилникот за доделување на еднократна парична помош за новороденче, со што се продолжува рокот за поднесување на барањата од 45 на 90 дена за добивање на парична помош од 6000 денари за новороденчиња родени во 2026 година на подрачјето на Општината Прилеп.


Советниците на осмата седница на Советот на Општина Прилеп ги усвоија и одлуките за именување на членови во надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење, како и членови во управните одбори на ЈКП „Водовод и канализација“ -Прилеп, ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Пазари“, ЈП за ПУП -Прилеп, ЈСП -Прилеп и Јавното претпријатие за енергетски дејности „Енерго-Прилеп“ .

 

Дополнително, беше донесена одлука за утврдување на висината на месечниот надоместок за претседателите и членовите на надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење, како и за претседателите и членовите на управните одбори на прилепските јавни претпријатија.