ТЕРА

REKLAMA???

Битола ќе добие терариум и ново живеалиште за копитари

Битола ќе добие терариум и ново живеалиште за копитари. Општина Битола побарала и ѝ биле одобрени пари за новите содржини кои ќе ја осовременат битолската золошка градина.
Изградбата на ново живеалиште за копитари е во вредност од 9.634.336 денари, а изградба на современ терариум во вредност од 8.994.667 денари.

За изградба на објект на Терариум и објект на Копитари, Општина Битола аплицирала на вториот повик на Владата преку министерството за култура и туризам, а проектот бил одобрен.

Ова беше посочено на презентација на Националната Стратегија за Зоолошки градини во Битола која ја организираше Битолската Зоолошка градина. Експерти, претставници од релевантни институции, градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, советници и други гости беа дел од оваа презентација која има за цел остварување на неколку цели кои треба да доведат до усогласување со директивите на Европската унија.

„Овие инвестиции се дел од заложбите на Општина Битола за подобрување на условите во Зоолошката градина, создавање на современ простор за животните и овозможување на поквалитетно, едукативно и забавно искуство за сите посетители“-рече Коњановски.

Како Општина продолжуваме да вложуваме и да се грижиме за зоолошката градина, рече градоначалникот на Битола.