Во организација на Горската служба за спасување Македонија, деновиве се одржа основен Курс за спасители на планина и непристапен терен Демир Капија 2026.
Целта на специјализираниот десетдневен курс за планински спасители што од 20 февруари до први март, оваа 2026 година се одржа во Демир Капија беше да се зајакнат капацитетите за спасување во тешко пристапни предели и подигнување на нивото на безбедност за сите посетители на македонските планини, информираат организаторите.

Обуката на Горската служба за спасување Македонија, обединува ентузијасти и професионалци кои во десетте дена поминаа низ основите на теоретската и практичната подготовка.

„Програмата опфати техники за извлекување од карпи, укажување прва медицинска помош во екстремни услови и напредни стратегии за пребарување на исчезнати лица (SAR). Планинското спасување не е само вештина, туку огромна одговорност. Нашата цел е да создадеме тимови коишто ќе делуваат брзо, прецизно и координирано со останатите институции, со цел секој изгубен или повреден планинар безбедно да се врати дома“, велат организаторите.
Оттаму додаваат дека на курсот беа пријавени триесет кандидати , кои под надзор на искусни инструктори се соочија со реални сценарија, вклучувајќи и вежби на висина.

Инаку, овој настан беше поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија преку проектот „Набавка на медицинска и ХТЗ опрема, обука за користење на истата и подобрување на квалификациите за спасување на планински терен за „Горска спасителна служба Томе Ристев Битола“.

Кулминацијата на обуката беше камп на 27, 28 февруари и први март во Демир Капија со поставување на шатори, подоготовка на оброци, подготовка на опрема за алипинизам и права помош, тренинг на карпа и завршно на први март со големата финална вежба која се одржа во реална ситуација кадешто кандидатите ги демонстрираа своите способности пред очите на јавноста и официјалните гости.


Повеќе информации за овој настан, јавноста може да добие и на веб страниците: Е-пошта: info@gss-macedonia.com Веб-страница/Социјални мрежи: hflps://gss-macedonia.com/ hflps://www.facebook.com/gorskasluzbazaspasuvanjemk/?locale=mk_MK













