ТЕРА

REKLAMA???

Сообраќајна несреќа во Битола – повреден пешак

Денес, 17 април 2026 година, во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа на една од градските крстосници.
Патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 68-годишен возач, удрило во пешак при што со тешки телесни повреди се здобил 50-годишен маж.
По ударот, пешакот е веднаш пренесен во Клиничката болница во Битола. По извршените медицински прегледи, од страна на дежурните лекари се констатирани тешки телесни повреди.
Увидна екипа од СВР Битола излезе на местото на настанот за да изврши целосен увид. Полицијата работи на утврдување на точните причини кои довеле до несреќата.