Денеска в Општина се одржа третата презентација на работата врз физибилити студијата за жичница односно гондола на Пелистер. Студијата е сеопфатна, но првиот впечаток е дека нема конкретни гаранции за оправданост на скапиот проект. Допрва градот треба да одлучува како, кога и дали ќе пристапи кон реализација на студијата.

На презентацијата беше претставена завршната верзија на анализата реализирана од странски експерти од Франција, Андора и Словенија,. Проектот сам за себе ќе чини 58 милиони евра. Парите кои треба да се потрошат на пропратните инфраструктурни зафати се уште околу 50 милиони евра, според сегашните цени, и се тоа со зголемување а бројот на туристи за што сепак никој неможе да даде гарацнии, само мерливи проекции.
„ Генерално проектот е проценет на 58 милиони евра , а може да се подели на два дела – првиот дел се 30 милиони за жичницата до Ловечки дом, а вториот дел уште 20 за гондолата до антена. Тоа може фазно да се реализира, а гондолата е долга 6 килоиметри . Можеби изгелда многу пари , но враѓањето на инвестицијата може да се врати преку поголемм број на туристи, врабитувања… физибилити покажува дека само центарот може да вработува и да функционира сам за себе, само инвестицијата мора да биде покриена од страна на државата – парите да се добиваат низ други облици, како ДДВ , прекувработувања, сигурно ќе дојде до раст на нови хотели, локалните такси… Тоа е мултипликативниот фактор на инфраструктурата кој е многу важен . А тука проценивме дека може да биде околу пет ( 5 ), што значи едно евро ( дадено ) на гондолата значи поврат на 5 евра комплетно за гондолата и државата , затоа што сета друга инфраструктура , целиот пропратен развој – хотели, ресторани, тоа се се реализира долгорочно. А на врвот, се останува недопрена природа, само гондолата и некој ресторан.“ – вели еден од соработниците на експертската група Франц Фурлани.

Физибилити студијата понуди гаранции за заштита на природата – барем почитување на законските нормативи кои се насочени кон заштита на целиот екосистем и биосистемот на моликата.

За директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски добро е што сите економски развојни процеси се планираат надвор од строгата планинска зона, во долината, не на врвот.
Експертите во текот на својата петмесечна работа, со оглед на фактот дека првпат доаѓаат на Баба и Пелистер, ги консултираа сите институции во градот, направија секакви мерења на теренот – се запознаа со фактот дека делот со молиакта е строго заштитена зона, дека на висина над 1.700 метри надморски има силни ветришта и , дека иако ретко, до 2.601 метри надморски може да има лавина од снегови. И со фактот дека глобалното затоплување влијае на годините со снег за скијачките патеким со тоа и бројот на гости, и покрај фактите дека во последната година согледале пораст на туристи во регионот. Најдобрата препорачана патека на гондолата / жичарницата е од цапарска страна – местото Широка, како појдовна точка, се до местото на Ловечки дом, а потоа оттаму се до врвот. Оваа е препорачаната патека којашто ќе направи најмалку штета на планината.
Предлагачот на идејата, советникот Иван Чулаковски не е задоволен.
Чулаковски вели не очекувал да се направи нов туристички центар во Цапари, туку жичницата да поага поблиску од Битола.
Пелистер како четири сезонски туристички центар е мелем за ушите, но не и за буџетите на општините, односно парите на граѓаните. Физибилити експертите направија целосна економска , дури и функционална организасиска структура, но првиот впечаток
е дека желбите се многу далеку од реалноста. Сумата од 58 милиони евра подразбира пари за градба на жичарата, изградбата на инфраструктура, дури и минимална за туристички сервисни услуги само, подразбира уште толку – оти со 4 сезонскиот центар треба да се одлучи кој ќе управува.
Планираните траси , од Цапари до Ловечка куќа и потоа до Антена – како и гондоли со капацитет од 10 и 80 лица, дополнително ја аквентираат масивноста на проектот, што прашање е која генерација ќе го започне, а која ќе го заврши.
Дополнително, и самите експерти денеска се шегуваа дека на Балканот подготовката на планската документација може да трае со години, а трошоците да растат.












