На Педагошкиот факултет денеска се одржа промоција на романот „Три Марии“ од авторката Оливера Ќорвезироска. Преводот го направија студенти од Македонски на Англиски јазик. Сите вклучени, фактот што студенти преведуваат романи од Македонски на Англиски го оценија како многу повеќе од обична академска вежба — тоа е културен чин со пошироко општествено значење.

Седум студенти го направија преводот на романот „Три Марии“ заедно со својата професорка и една Фулбрајтова стипендистка. Романот е омаж на познатиот роман на Славко Јаневски „Две Марии“ од 1956 одина, напишан во негова чест во едно навраќање кон предците на македонското книжевно творештво, вели авторката.

Менторката на студентите од насоката Англиски јазик и книжевност кои го направија англискиот превод на романот e задоволна што нивниот, како што рече „мал преведувачки проект“ има голема завршница. Преведувањето не е едноставна работа, а преводот на романот од Македонски кон Англиски не е само техничка задача, туку и еден од начинита на македонската културна афирмација.

Културна видливост е важноста којашто преведувачите од земја како Македонија ја добиваат непосредно по изборот на својата животна професија – преводот или толкувањето, посредништвото или алатката за развирање на творештвото или секојдневието.

Стефани Ралоска, Стефани Лингуровска, Мане Николовски, Катерина Станојоска, Ивана Начоска, Михаела Апостолоска и Надица Филиповски својата прва помош за прераскажување и адаптирање на текстот ја имаа во Амбер Ширган, Фулбрајтов стипендист која во Битола е од октрмври лани. Таа прва го исчита преведениот материјал.

„Jас сум асистент на професорите за Англиски јазик во прва и втора година, првиот семестар учевме Бизнис англиски, во вториот семестар се свртивме кон Современо учење на Англискиот јазик. А во процесот имаме многу културна размена преку различни активности – вели Амбер. Зборувавме и за Американската историја, оваа година САД слави 250 години од постоењето.

„Jас бев прватa изворен говорник на англискиот јазик што ја читаше оваа книга. Професоркаа силвана предложи, а и јас сакав да ја прочитам книгата. Но,таа истовремено побара повратна информација – како се звучи и изгледа на говорник на англиски јазик. Мислам дека се работи за феноменална книга , читајќи скоро заборавив дека всушност помагам во преведувањето. Направија одлична работа, преводот е извонреден,“ вели Амбер од Невада, САД.

Англискиот превод на романот „ Три Марии“ не е комерцијален производ, и отпечатен е во мал број примероци за потребите на издавачката куќа којашто соработката со Педагошкиот факултет и производот ќе ги претстави на книжевни саеми. И токму тука е основата на поширокото значење на овој преведувачки производ – не е само академска вежба за стекнување на јазична прецизност туку е процес на културна видливост, на македонската современа книжевност, во спрега со македонската академска присутност и активност.



















