ТЕРА

REKLAMA???

Без субвенции со пониска цена на млекото,сточарите од битолско бараат средба со премиерот

Сточари од здружението Пелагониско Поле денеска пред медиумите го искажаа својот револт за задоцнети субвенции. Оствариле средба со министерот за земјоделие во март годинава, но до денеска не им се исплатени парите од 2025 година.

Претставници на здружението на сточари „Пелагониско Поле“ упатија јавна критика до министерствозо за земјоделство со информации дека не им биле доделени субвенциите ниту за млекото ниту тие по грло стока за последните 6 месеци од 2025 година и првите 4 месеци од 2026 година. Бараат исплата на тоа што им се должи и средба со премиерот. Промената на откупната цена на млекотo од страна на млекарниците во државата ги поттикна сточарите кои се дел од здружението Пелагониско Поле јавно да го изразат своето незадоволство.

Неколку фарми со по 30-40 грла веќе најавиле затворање, а тоа економски подразбира дека ќе има прекинување на економскиот ланец на сите кои живеат од фармите. Имаат свое објаснување на причините зошто се револтирани, а истовремено предлагаат и можно решеение.

Од 33 – 34 денари пред две години,  сега откупната цена е намалена за 8  до 9 денари , се откупува за 24 до 25 денари за литар,  спротивно на очекувањата за пораст и до 40 денари.

Со промените и на глобалниот пазар, пак на површина избива дискусијата за исплатливоста на сточарството.

Во битолско,  според одредени статистики 10.000-до 15.000 лица се директно поврзани со фармите и со т.н мешани стоанства кадешто се одгледува стока и се произведува храна за стоката. Пелагонискиот регион со сите општини стигнува до 100.000 луѓе.