Уште еден брилијантен настап на битолчанецот Илија Балтовски викендов проследи балканската публика во рамките на белградското шоу „Никогаш не е доцна“. Изострено музичко чувство и стилски настап кој плени на прв поглед. Во овој стил битолчанецот Балтовски и викендов ја продолжи музичката трка на познатото шоу кое на задоволство на публиката им дава можност на талентирани музички гласови од цел Балкан да застанат на сцена и да се претстават во полн сјај.
Балтовски и овој пат се претстави во најдобро светло, а дека остави силен впечаток кај публикатга зборува и досегашниот тек на гласањето. На страницата на Никогаш не е доцна во тек е гласањето за Илија Балтовски, кој во моментов има над 50% од гласовите, Ружица Пејиќ со 32% и Ивана Радисавлјевиќ со 17%.

Денеска го исконтактиравме Балтовски со цел да ни ги пренесе впечатоците од настапот во Белград, каде што како што рече го следат со песната Битола мој роден крај. Со надеж дека ќе ја продолжи музичката трка тој се заблагодари за поддршката од публиката во текот на целото шоу.
„Поздрав Телевизија Тера. Ви благодарам вас и на вашите гледачи за можноста да се обратам и да ви се заблагодарам од срце за поддршката во целиот период додека настапувам во емисијата „Никогаш не е доцна“. Благодарен сум за секој ваш коментар. Гест на љубезност. Тоа е огромна чест за мене. Исто така сум многу горд на нашата песна „Битола мој роден грај“. Каде и да се појавам таму, дали во бекстејџ или на сцена, секогаш ме прати таа песна. Секогаш сме препознаени преку таа песна. Мојата благодарност и до Ајри Демировски што напишал еден таков бисер за нас битолчани и за нас Македонците. Со надеж дека ќе продолжам и понатаму ве поздравувам и ви посакувам се најдобро.“-порача Балтовски во изјава за Тера телевизија.
Тера телевизија останува верна поддршка на нашиот талентиран битолчанец Балтовски, а вие почитувани гледачи до вечерва на полноќ можете да ја дадете вашата поддршка со гласање на следниот линк: https://nnk.app.do/polls/nikad-nije-kasno-glasanje-17-05-2026-glasanje-traje-48h












