Фудбалската Федерација на Мкакедонија објави дека започнува дисциплинска постапка против ФК „Вардар“ поради недоличното прославување и навредувачкото пеење против македонската популарна пејачка Каролина Гочева, а потоа и реакцијата на извршниот директор на фудбалскиот клуб Миленко Неделковски и споменувањето на уште една успечна битолчанка – Весна Бендевска.
Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски за ТЕРА Телевизија вели процесот започнува со донесената одлука.
„Дисциплинската комисија на ФФМ врз основа на пријава од дисциплински инспектор поведува постапка против Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување на победата против ФК „Струга Трим Лум“ и обезбедувањето на титулата Шампион на Македонија од страна на фудбалерите на клубот. ФФМ ведбаш изрази осуда за навредливото и недоличното однсеување на Вардар при прославата на победата и, се разбира дека и во минатото, и сега, апелира и повикува на достоинствен начин на однесување при победите и на понизност при поразите. Тоа се однесува за сите клубови и сите поединци без разлика во кој ранг или натпреварување играат во рамктие на ФФМ. “
Изрекувањето на санкција / казна за ФК „Вардар“ веројатно ќе се случи во најбрз можен рок, вели Андоновски.
„Можеби веќе на следната седница на дисциплинската комисија бидејќи тоа е пракса којашто е од искуство, а што се однесува до казната мораме да бидеме објективни и да посочиме дека тоа не се случи во рамки на натпревар или по самото завршување на мечот туку надвор од фудбалскиот терен и , во овој случајм, казната којашто евентуално би се изрекла на ФК „Вардар“ е во паричен износ. Се разбира тоа повлекува и пред се морална осуда којаѓто ја слушнавме и од Фудбалската федерација на Македонија но и од низа други институции, како што беше и објавата на министерот за спорт Борко Ристевски. Во таа насока се однесува и тоа што ФФМ може да го преземе во рамки на своите надлежности. “

Ова подразбира дека, барем засега, ќе се остварат изречените желби непримерните непочитувачи на женскиот род да бидат санкционирани, да бидат казнети, но , за инсистирањата за промена на менаџерскиот тим на Фубалскиот клуб „Вардар“ сеуште не се зборува.
Инаку Дисциплинската комисија на ФФМ денеска објави неколку фудбалски клубови кои се санкционирани заради непримерно однесување на терен , без разлика дали тоа доаѓа од самите играчи, нивните раководни тимови или пак навивачите. Така, ФК „Пелистер“ се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар. За истиот натпревар и ФК „Вардар“ доби казна од 1.000 евра. ФК Шкендија се казнува со парична казна од 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и скандирање со националистичка содржина на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Шкендија и ФК Струга Трим Лум. А Шкендија Арачиново пак се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства и влегување на претседателот на клубот на теренот за игра на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.
Брзиот поглед на Правилникот и статистиката која вели дека ФК „Вардар“ има најголем број казни по 1.000 евра за пиротехника упатува можеби и кон промена на односот на луѓето кои се избираат за таа комисија. На самиот почеток во Правилникот се посочува дека кога еден Фудбалски клуб постојано ги повторува прекршоците, казната им се зголемува за 2 односно 10 пати. ФФМ освен за пиротехника, казнува и навреди кон спортски институции.
Иако не одговори на нашето прашање, Министерството за спорт предводено од Борко Ристевски веднаш најостро ги осуди провокациите изречени од Вардарци, побара јавно извинување од сторителите и декларираше дека Министерството за спорт ќе изнајде начин секој ваков настан соодветно да биде санкциониран. Одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ ќе биде позната веќе на нивната наредна седница.












