На 63-годишна возраст почина македонскиот режисер Сашо Миленковски, потврди Драмски театар – Скопје. Зад себе остави богата кариера со повеќе од 50 режии во Македонија, регионот и Европа, како и значаен придонес во афирмацијата на современата македонска драма. Беше директор на Македонскиот народен театар од 2006 до 2010 година, а потоа драматург во Драмски театар – Скопје. Годинава ја доби и Наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп.
ПОЧИНА РЕЖИСЕРОТ САШО МИЛЕНКОВСКИ












