Димитар Митревски е спортски работник и менаџер од Битола, кој во јавноста најмногу се поврзува со успешниот период на ракометниот проект РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Работник.
Неговиот избор за нов претседател на ФК Пелистер доаѓа во момент кога клубот се наоѓа на сериозен крстопат. По низа спортски неуспеси, промашени очекувања и период во кој јавноста бараше повеќе одговори за начинот на функционирање и финансиското работење, пред новото раководство стои многу поголема задача од обично кадровско освежување.

Митревски во Битола доаѓа со спортска биографија и искуство во управување со успешен проект, особено во ракометот. Но, фудбалот има свои специфики, а ФК Пелистер е клуб со огромна традиција, голема навивачка база и очекувања кои не дозволуваат уште еден неуспешен циклус.
Најголемиот предизвик нема да биде само изборот на тренер или составувањето на тимот. Клучното прашање е транспарентноста – како ќе се управува со буџетот, кои се реалните финансиски можности, колкави се обврските на клубот и кој ќе биде планот за стабилна иднина.
фотографија: фан група и моето дете ќе навива за пелистер












