Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе” на Милчо Манчевски ќе има светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал на 16 август. „Добри луѓе” ќе се натпреварува во Официјалната селекција за награди на фестивалот, кој е најреномиран во Југоисточна Европа.
Како беспоштедна, но воздржана медитација за тагата, борбата за опстанок и човечката солидарност, „Добри луѓе” зборува за пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани . Филмот им дава платформа на преживеаните и на тивките херои. Тие не се симболи, туку луѓе – ранливи, но силни, издржливи и длабоко реални.
„Добри луѓе” користи минимална естетика на воздржан филмски јазик, овој аскетски филм не интерпретира и не суди, туку слуша.












