ТЕРА

REKLAMA???

ВЛАТКО МИЛАДИНОСКИ ЈА ОСВОИ БИТОЛА: НАД 2.500 ЛУЃЕ НА МУЗИЧКИOT СПЕКТАКЛ ВО ХЕРАКЛЕЈА

Античкиот театар Хераклеја во Битола беше исполнет со македонска песна, силни емоции и незаборавна атмосфера на големиот концерт на Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот кој го проследија над 2.500 посетители.

Публиката од Битола, но и од повеќе градови од Македонија, уште еднаш покажа дека македонската народна музика има посебно место во срцата на сите генерации. Во прекрасниот амбиент на Хераклеја, присутните уживаа во најпознатите песни на Влатко Миладиноски, пеејќи заедно со него во текот на целата вечер.

На сцената, Влатко беше придружуван од оркестарот на Златко Миладиноски и повеќе од 30 музичари, кои со врвна изведба му дадоа посебна големина на концертот. Вечерта дополнително ја збогатија специјалните гости Спасен Сиљаноски, Дамјан Стојаноски, Дарко Стојаноски како и гостите уметници македонци од Егејска Македонија.

Концертот понуди внимателно подготвена музичка програма, моќна продукција и сценски настап достоен за еден од најубавите антички локалитети во Македонија. Посебно емотивни беа моментите кога повеќе од 2.500 гласови се споија во еден, создавајќи слика која долго ќе остане запаметена.

По успешните концерти во Охрид и Скопје, Влатко Миладиноски уште еднаш докажа дека македонската народна песна може да ги исполни најголемите концертни простори и да обедини илјадници луѓе.

Концертот на Влатко Миладиноски не беше само музички настан, туку прослава на македонската музика, култура и традиција,  вечер исполнета со гордост, сплотеност и емоции што ќе се прераскажуваат уште долго.