ТЕРА

REKLAMA???

Неизвесни натпреварите од есенската сезона за ФК Пелистер

Итните мерки за санација на ЈКП „Комуналец“ се уште во тек, но времето притиска, 15 август е денот кога оваа сега жолто-зелена површина треба да биде комплетно зелена. И сува. Ревитализацијата подразбира и така е видливо деновиве употреба на многу вода, а тоа не го прави теренот погоден за фудбалски натпревар, без разлика во која лига игра фудбалскиот клуб што го корисити како свој.

По претходно одобрено барање за снимање, денеска ТЕРА направи снимки од теренот.  Видливи се големи жолти површини, и зелени „ленти“ кои точно исцртуваат каде стоела големата гумено-пластична подлога врз која беше поставена механизација, сцена, рефлектори и илјадници луѓе кои ги следеа концертите на Здравко Чолиќ и Стив Аоки во рок од четири денови.   Строго зелениот појас на овие снимки е вештачката тревната патека околу теренот. За играње на спортски натпревари, како и за концерти се користи токму теренот на среде.

Патем, за користење на спортските терени за помали рекреативни настани или спортски натпревари општина Битола како соппственик на стадионот наплаќа закупнина чијашто висина се определува со одлука на Советот и дефинирана според договорена сума или карактерот на настанот :  комерцијален, хуманитарен, кутурен или спортски. Организаторот на настанот вообичаено треба да ја заштити тревната подлога со поставување на специјални заштитни подлоги за заштита од нејзино оштетување.

Но, видно од приложеното, тоа очигледно не е доволно, или, и за тоа сака стручни лица.

Засега, неизвесно е одигрувањето на фудбалските натпревари на ФК „Пелистер“ и сите други најавени за почетокот на фудбалската сезона.