Уапсени двајца потпалувачи на пожари во Пелагонија додека целата земја е под висок ризик од огнена стихија.
Битолскиот сектор за внатрешни работи лиши од слобода две лица кои се сомничат за подметнување пожари на отворен простор. Апсењата доаѓаат во период кога земјата се соочува со екстремно високи температури и максимален ризик од избувнување на огнени стихии.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17:00 часот, во селото Сарандиново, општина Долнени, прилепската полиција го лишила од слобода и 76-годишниот Г.А. од Скопје, кој се сомничи за предизвикување пожари на отворен простор.
Истиот ден во селото Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници лишиле од слобода 45-годишник од истото село. Тој се сомничи дека во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а бил затекнат на дело од страна на полицијата на подрачјето помеѓу селата Грешница и Слатина додека повторно палел оган.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Овие инциденти се случуваат во услови кога според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари, речиси целата територија на државата е означена со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари.
Надлежните апелираат до граѓаните на максимална внимателност, да се избегнува движење и престој во шумските предели во најтоплите периоди од денот и строго да се почитуваат забраните за палење оган на отворен простор
УАПСЕНИ ПОТПАЛУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВО ПЕЛАГОНИЈА











