По 24 часа деноноќна борба со огнот спасени куќите во Лознани и Новоселани.
Вистинска драма се одвиваше изминатото деноноќие во Општина Могила, каде што по целодневна интервенција на терен, пожарникарите и мештаните успеаја да ги заштитат куќите во селото Лознани од разорната огнена стихија.
За текот на спасувачката акција на терен, во текот на ноќта информираа првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, и командирот на ТППЕ Битола, Христијан Тодоровски.
Борбата со огнот била тешка поради непристапниот терен и брзото ширење на пламенот на повеќе точки во битолско-прилепскиот регион.
„Имавме премногу тешка борба во Лознани во Новоселани беа загрозени куќи, успеавме да ги спасиме.”-рече Тодоровски.
Претходно Ангелов информираше дека пожарот кај Лознани се протега на фронт со должина од дури осум километри. Рече дека со интервенција на протипожарните екипи со помош на локални жители, спречени се трагични последици и поголема катастрофа.











