ТЕРА

REKLAMA???

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА НА ПЕЛИСТЕР

Планинарот кој викендов се повреди во високите делови на Пелистер е во стабилна здравствена состојба и се опоравува од скршеницата на ногата. Тој бил однесен во Клиничка болница Биотола, каде што започнал процесогт на точна дијагностика и терапевтски постапки. Претходно спроведената  сложена спасувачка акција во близина на Мало Езеро, овојпат , за среќа на сите, заврши успешно.

Повикот за помош  на бројот 112  бил примен во неделата околу 12 часот. Повикув ачот иформирал дека се наоѓа до повредено лице,  на над 2.000 метри надморска височина, на терен кој е тешко пристапен за возила.

Во спасувачката акција учествувале екипи на Националниот парк „Пелистер“, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Итната медицинска помош. Екипите на ДЗС на терен констатирале тешка телесна повреда – скршеница на потколеницата на левата нога. На повредениот веднаш му била укажана прва помош.

Поради непристапноста на теренот, транспортот од Мало Езеро до Инфоцентарот бил изведен со помош на ренџерите од НП Пелистер и медицинскиот тим. Оттаму повредениот бил префрлен во Клиничката болница во Битола.

Случајот повторно го отвора прашањето за пристапноста до високопланинските делови на Пелистер и состојбата на постојната инфраструктура. Од Националниот парк посочуваат дека обновувањето и одржувањето на планинарските и шумските патишта е од особено значење, не само за посетителите, туку и за брзината на реакција на спасувачките екипи.

Директорот на ЈУНП „Пелистер“, Иванчо Тошевски, апелира посетителите да се движат исклучиво по обележаните патеки.

„За вакви брзи спасувачки акции, на пример, патот од селото Велушина е од исклучително значење. Апелирам до сите посетители сите активности на планината да се одвиваат исклучиво по строго обележаните патеки. Доколку се случи нешто, така најлесно ве лоцираме и стигнуваме до вас. Секое излегување надвор од обележаните патеки е огромен ризик, дури и за оние кои сметаат дека добро ја познаваат планината. За помалку искусните, строго препорачувам да ангажираат лиценциран водич преку нашата веб-страница“, вели Тошевски.

Од службите апелираат на максимална претпазливост при секое искачување, особено во високопланинските зони и особено кон езерата. На ваков терен и навидум мала повреда може да прерасне во сериозен проблем доколку пристапот до повреденото лице е отежнат.

Последната спасувачка акција уште еднаш ја покажа подготвеноста на спасувачктие екипи.