ТЕРА

REKLAMA???

Рударот е клучна алка во производството на струја-28 август, Ден на рударите

Од рударските јами и ископи, до електричниот приклучок во сите домови и компании, патот на струјата сè уште во голема мера минува низ рацете на рударите.

28 август е Денот на рударите, ден кога државата им оддава признание на луѓето кои со години работат во едни од најтешките и најризичните услови. Тешка механизација, прашина, високи температури, ризик и сменска работа и значајна задача – да се обезбеди енергија за државата.

Од ЕСМ и Министерството за енергетика денеска испраќаат порака дека безбедноста на работниците, модернизацијата и одговорното користење на ресурсите мора да бидат приоритет.; дека иднината на рударството треба да се гради врз современи технологии, поголема безбедност, посилен надзор и поголема корист за локалните заедници.

Министерството годинава Денот на рударите го одбележа со признанија за десет рудари, меѓу кои и Драганчо Ивановски од АД ЕСМ – РЕК „Битола“.

И во РЕК „Битола“ традиција е да се одбележи 28 август- Денот на рударите. Членови на Управниот одбор на АД ЕСМ и заменик министерот за енергетика,рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ ја истакнаа непроценливата улога на рударите во одржувањето на стабилноста на македонскиот енергетски систем и испратија пораки за натамошно подобрување на условите за работа, поголема социјална сигурност и континуирано зголемување на стандардот на вработените. „Рударството не е само традиција и пот, тоа е сериозна индустриска гранка и темел на македонскиот енергетски систем. Оваа гранка учествува со речиси 11% во нашето индустриско производство, а над 10.000 семејства во Македонија го вадат својот леб.“

Денот не е само свеченост и честитки, туку е празник роден од штрајк- од барање на рударите за подобар живот и достоинствен труд, во далечната 1929 година. Оттука, годинешното одбележување има уште поголемо значење. Денот на рударите се одбележува паралелно со потпишаниот нов Колективен договор за индустријата со кој се зголемуваат платите од овој месец и е испланиран постемен раст на примањата од над 10% во наредните 20 месеци заедно со поголемо вреднуавње на минатиот труд- потенцираше директорот на производство на АД ЕСМ Зоран Коњановски.

 

„Сериозниот пристап мора да ни биде примат-одговорноста на секој од нас е на прво место. Потребно е заеднички да креираме континуирано подобрување на условите за работа, но и посветено да се стремиме кон обезбедување на стабилна енергетска иднина, која најмногу зависи токму од нашите рудари“, потенцираше директорот на РЕК Битола, Иван Куковски.

Традиционално, на најдобрите рудари и работници во РЕК Битола им беа доделени благодарници за особен придонес во работата на комбинатот. Благодарници годинава добија 13 работници.

 

фотографии: ЕСМ  и РЕК Битола