Патот Прилеп–Битола отворен за наизменичен сообраќај
Патниот правец Прилеп–Битола, кај Млин Осман, утринава беше затворен за сообраќај од 5 до 7:27 часот поради сообраќајна незгода.
Од 7:27 часот патот е повторно отворен, но сообраќајот се одвива наизменично, соопштуваат надлежните. Од Македонија пат велат дека за многу скоро сообраќајот на оваа делница од патниот правец ќе се одвива непречено.
Апелираат на внимателно возење, прилагодено на условите на патот и според актуелните климатски услови.











