ТЕРА

REKLAMA???

КАДЕ ОДАТ ПАРИТЕ НА БИТОЛЧАНИ ДОДЕКА ДРУГИТЕ ОПШТИНИ ДЕЛАТ МИЛИОНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ?

Каде завршуваат парите на битолчани? Зошто вториот по големина град во државата не им ги враќа парите на граѓаните? Овие прашања се отвораат по денешното објавување на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Податоците се фрапантни. Дури 63 општини минатата 2025 година поделиле над 4 милиони евра за директна помош на жителите. Општина Битола не се споменува ниту еднаш во целиот документ. Како е можно град кој лани имал буџет од околу 45 милион евра да биде целосно избришан од мапата на градови кои се грижат за своите граѓани? Според документот, Општина Битола доставила извештаи за потребите на истражувањето, но бројките изгледа се толку мизерни и ниски што градот воопшто не се квалификува во ниту еден графикон. Дали тоа значи дека Битола е во некоја “матна” зона во која нема реални индикатори според кои може да се заклучи каде се трошат парите на битолчани е легитимно прашање што се наметнува бидејќи општината троши, но ефектот за битолчани е невидлив.  Документот открива дека парите во државата се доделуваат по дури 92 различни основи. Се субвенционира сè. Од првачиња и новороденчиња, до сметки за комуналии, велосипеди, пелети и менување лифтови. Но, додека другите градови со помалку пари прават повеќе за народот, Битола изгледа спие. Еве неколку примери. Општина Аеродром поделила над половина милион евра (552.387 евра) за своите жители. Општина Центар дала 507.481 евро и вовела бесплатни униформи за 4.900 ученици. Општина Куманово исплатила 278.178 евра директно кај граѓаните. Општина Штип со своите социјални програми опфатила 2.262 граѓани. Битола ја нема никаде! Со буџет од 45 милион евра!

Истражувањето нотира дека скопските општини Гази Баба и Кисела Вода им поделиле по 2.500 денари на илјадници свои пензионери. Општина Могила дава по 8.000 денари за секое прваче, а Старо Нагоричане дури 30.000 денари за новороденче. Малата општина Конче исплаќа по 100.000 денари за склучување брак. Од истражувањето произлегува дека социјална и еколошка политика во Битола, како фалените субвенции за велосипеди, е сведена на ситни ПР-кампањи за мал број луѓе. Оттука прашањето, зошто битолските пензионери, ученици и млади брачни парови вредат помалку од оние во другите градови?  Ова истражување ја “соблече” вистината. Додека битолчани уредно ги плаќаат своите даноци и ја полнат општинската каса, за возврат добиваат само трошки во споредба со жителите на другите градови.