Зад станбените објекти на просторот спроти селската автобуска станица се наоѓа простор кој наликува на импровизирана депонија, наместо на уредена градска површина.

Градежен шут, тули, бетон, дрва и различен отпад се расфрлани меѓу објектите и обраснатата вегетација. На делови се забележуваат ископи, наталожена земја и изложени инсталации, а отпадот е оставен непосредно до ѕидовите на објектите. Бројни се граѓаните кои овде ги паркираат своите возила, ама и душеците, оштетените каучи.
Просторот одамна е исчистен од времените објекти односно гаражите кои таму се наоѓале, а во рамките на планот на општината да го зголеми капацитетот на паркирни места во градот. Оттука, овој простор кај Ат Пазар треба да биде наменет за тоа, за нови места за паркирање на возила.

Но, граѓаните кои реагираа во ТЕРА се зачудени како работите започнале без претходно средување на просторот од кабаст отпад што бил оставен ниту од високо израснатите треви и ситен смет што , како што велат, со гоодини не бил собран оттука.
Од состојбата на теренот, граѓаните заклучиле дека ова е „депонија во подготовка“ , а далеку од урбанизиран простор.











