ТЕРА

REKLAMA???

Домашна електрана, со точакот како турбина (?)

Во Битола се одржа соларен саем, на кој граѓаните можеа да се запознаат со можностите за производство и користење електрична енергија од сонцето. но, колку навистина сме подготвени да ја искористиме енергијата што ни ја нуди сонцето и што ги спречува домаќинствата да постават фотоволтаици?

 

„Светот сега се стреми кон тоа да се намали производството на електрична енергија од јаглен“.

Се стремиме да имаме што поголемо производство од обновливи извори, па синтагмите „енергетска транзиција“ ,  „праведна транзиција“ , „зелена енергија“ се повеќе доминираат во конкретните политики на земјите во Европа. А познавачите велат енергетската транзиција не се случува само во големите електроцентрали, може да започне и од еден покрив, од еден балкон – од едно домаќинство со една одлука: домашната струја да си ја обезбедат сами, од сонцето.

На Магнолија денеска беше демонстрирано како може домаќинствата да станат продумери на струја. „Просумер“ е кованица од производител и конзумер ( производител и потрошувач) . Во суштина едноставен процес, како кога динамото на велосипедот му ја дава енергијата на велосипедското светло.

За да ја искористите силата на сонцето, потребни ви се фотоволтаични панели, па акумулатор или батерија за складирање на енергијата којашто не се искористила, па да му ја дадете на единствениот понудувач да ви ја откупи. Затоа и плановите да станете производител-корисник треба да се нарпават во сорабтка со неколку државни институции и општината. И откако ќе се добие дозвола , се продолжува автоматски, во зависност од тоа што ви треба како на домаќинство.

Периодот на поврат на средствата е од седум до 11 години. Тоа зависи од потрошувачката што ја имате и од навиките што ги правите. За да ја искористиме оваа енергија, мораме да ја користиме преку ден, односно да ги менуваме навиките.“ Сончевата енергија не завршува со фотоволтаичните панели. На саемот, освен велосипедот  беа претставени и соларна печка, термален колектор за топла вода.

Сонцето е ресурс кој не мора да го увезуваме, не мора да го копаме и не мора да го транспортираме.  Е сега, прашање е колку брзо светот, или ние, ќе  научиме да го претвораме во сопствена енергија. Затоа што, како што поетично рекоа денеска познавачите:  Енергетската транзиција не се случува само во големите електроцентрали. Таа може да започне и од еден покрив, од едно домаќинство и од една одлука – дел од сонцето над нас да стане струја за дома.