ТЕРА

REKLAMA???

Oган од нива, стрниште, плевна и скара- пет кривични пријави за пожари

СВР БИТОЛА поднесе пет кривични пријави до Oсновното јавно обвинителство против четири лица и едно правно лице, поради сомнение за предизвикување општа опасност. пријавените може да се соочат со казна затвор и до 8 години.

Оган во нива за да се уништат инсекти, запалено стрниште, плевна и скара оставена неизгасена.  Од прва е јасно дека се работи за причини за пожар, од т.н човечки фактор кој самоуверено сметал дека го контролира пожарот. Кај овие петмина, барем според пријавите на МВР, пожарот излегол од контрола.

До Основното јавно обвинителство во Битола доставени се пријави  против четири лица и едно правно лице. Сомнежите на СВР Битола се за предизвикување општа опасност.

Првиот пожар бил на 29 јули, во атарот на Братиндол.

Според полицијата, 70-годишен битолчанец запалил оган во сопствената нива за да ги уништи инсектите. Но, дувнал ветер и огнот наместо да остане на неговата нива, се проширил и на соседните. Пожарот го гаснеле битолските пожарникари.

Во Кременица, пак, на 4 септември горело стрниште.

Полицијата се сомнева дека 27-годишен жител на селото го запалил, по што огнот се проширил.

Истиот датум, но еден месец порано, горела плевна во Црнеец.

Според пријавата, 58-годишен маж ја запалил плевната, а огнот потоа се проширил и зафатил сува трева во околината.

А кај Лопатица – причина била скара.

На 4 август, според МВР, 46-годишен битолчанец запалил скара во близина на своето лозје, но ја оставил неизгасена. Жарот се претворил во пожар.

Петтиот случај е поинаков.

Во селото Стрежево, според полициската пријава, пожарот не започнал од намерно палење. Причината било искрење од жици кои паднале од електрична бандера, сопственост на правното лице. Огнот зафатил сува трева и дрвја, а кривична пријава е поднесена против правно лице.

Од СВР Битола петте случаи се квалификувани како сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“, согласно член 288 од Кривичниот законик, со кој се предвидуваат затворски казни од 6 месеци до 5 години, но, во зависност од последиците,  може да се применат и построги одредби од Кривичниот законик.

Сепак, за сите пријавени важи презумпцијата на невиност, а конечната одговорност ќе ја утврдуваат надлежните институции.

Пет пожари за неполни три месеци. Посочиваат колку врзо искра, пламен или неизгасен жар може да стане сериозен проблем. И не само во лето, на отворен простор. „Само една скара“ или „само стрништето“ може да создаде опасност за населените места.