ТЕРА

REKLAMA???

ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „ЗОРАН ПЕТКОВСКИ-ПЕТКОТО“

Во Битола денеска започнува првиот меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“. Четири екипи во наредните два дена ќе играат во чест на човекот кој остави значаен белег во битолската и македонската кошарка.

Кошаркарскиот спорт во Битола од денеска е во знакот на меморијалниот турнир посветен на Зоран Петковски – Петкото.

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ на првиот меморијал   натпреварите ќе се играат денеска и утре, 16 и 17 септември.

Турнирот е замислен како сеќавање на Петковски, кој настапуваше за повеќе македонски клубови, меѓу кои Пелистер, Куманово и МЗТ Скопје, а подоцна работеше и како тренер.

Особено симболично е учеството на Пелистер, клубот со кој Петковски беше најтесно поврзан во текот на својата играчка и тренерска кариера.

Првиот меморијален турнир треба да прерасне во традиционален спортски настан и преку кошарката да го продолжи споменот на Петковски во неговата Битола.