ТЕРА

REKLAMA???

Падна гранитна плоча од постаментот на Споменикот на бранителите во Битола

Споменикот на бранителите, „ангелот“ лоциран во централниот дел на паркот кај градскиот саат е оштетен.

 

Паднала една од гранитните облоги на основата од постаментот. Не е јасно кога се случило ваквото оштетување и дали некој од пешачката патека бил можеби повреден, но денешната слика зборува дека плочата е уредно потпрена на постаментот.

Од натре се гледа подлогата од малтер и ронливите остатоци од градежниот материјал кој се користел. Оттука, според познавачите на градбите, може да се претпоставува дека плочата паднала затоа што се изгубил врзивниот материјал меѓу двете површини. Градежните експерти велат тоа најчесто може да биде последица не неколку поврзани фактори: отсуство на т.н механичко сидрење, кога според градежните норми освен лепило треба да се користат и метални сидра; при поставувањето на плочата вертикално и со лоша подготовка на подлогата ризикот за одлепување е поголем. Вториот фактор е поврзан со фактот дека споменикот е лоциран во непосредна близина на фреквентна сообраќајница, па постојаните вибрации од автомобилите постепено ги ослабуваат споевите и предизвикуваат микропукнатини, во кои најчесто влегува вода од дождовите и останува влага.

Без разлика на причините, состојбата укажува дека е потребна итна стручна санација.