ТЕРА

REKLAMA???

НАМЕСТО ВОЗАЧКА И ЛИЧНА КАРТА, НАСКОРО ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ИМАТЕ САМО МОБИЛЕН.

Личната карта и возачката дозвола наскоро ќе се преселат во мобилните телефони. Министерството за дигитална трансформација ја промовираше новата мобилна апликација којашто овозможува личните документи да добијат своја легална верзија. Новата ера на легитимирање ќе се одвива преку паметните телефони. Наместо физичко покажување на пластичните картички, граѓаните пред полицијата или пред шалтерите на институциите ќе можат да го отворат својот телефон, каде апликацијата ќе генерира единствен QR-код. Со негово скенирање, службените лица во реално време ќе ги добијат сите потребни податоци за проверка на идентитетот. Апликацијата веќе е достапна во тест-верзија за корисниците на оперативните системи Android и iOS (Apple). Сепак, од Министерството појаснуваат дека оваа новина не го укинува традиционалниот систем во МВР. Граѓаните и понатаму ќе мора физички да одат на фотографирање и да оставаат отпечатоци од прсти за изработка на стандардната пластична лична карта. Дигиталниот документ на мобилниот телефон всушност претставува нејзина верификувана реплика.

За да се активира апликацијата „м.Услуги“, корисникот мора да поседува веќе одобрен и активен профил на Националниот портал за е-Услуги (uslugi.gov.mk), по што се врши безбедносно поврзување и креирање на личен PIN-код за пристап.