ТЕРА

REKLAMA???

Системот Мој Термин сериозно слаб

БЕЗ ЛИСТИ ЗА ЗАКАЖАНИ ПРЕГЛЕДИ , ДИГИТАЛНИТЕ ПОТСЕТНИЦИ НЕ СТИГНУВААТ КАЈ СИТЕ, И, ДРЖАВАТА НЕМА СТАНДАРДИ ЗА СОФТВЕР КАКО „МОЈ ТЕРМИН“ ЗА КОЈ ЗАСЕГА НЕ Е ЈАСНО ДАЛИ Е ДРЖАВЕН ИЛИ ПРИВАТЕН.

Последниот извештај на Државниот завод за ревизија се занимава со системот МОј ТЕРМИН. Серија забелешки се регистрирани на национално ниво:  од де факто нелегално работење заради тоа што немал обезбеденбо договорно одржување повеќе од една третина од 2021 година наваму, преку фактот дека од 5.42 милиони евра кои биле потрошени за овој систем, над 90% биле потрошени за други системи во јавното здравство, до констатациајта дека  името „Мој Термин“ во 2024 година го регистрирал приватниот економски оператор кој го одржува системот, а започнал и постапка за регистрација на логото, што подразбира, додека да се свести државата системот почнал да се приватизира.

Иако ревизијата е насочена кон националниот здравствен систем наодите директно ги засегаат  општините – во сите здравстевни установи се користат информациските системи како дигитална инфраструктура за да може „Мој термин“ да се спроведува. Па така во одредени јавни здравствени установи нема ни листи на закажани прегледи. Тоа создава ризик пациент со итен или приоритетен упат да биде примен пред пациент кој со месеци чекал уредно закажан термин. Дигиталните потсетници не стигнуваат до сите. Како пример се наведува Градската Општа Болница „8 септември“ кадешто  само 10% од вкупните закажани прегледи или интервенции стигнале како потсетник преку  смс пораки.  Од 2021 до 2025 година и хируршките операции не биле евидентирани, па оттука се појавил проблемот со листи на чекање

Ревизијата утврдила сериозни слабости во ИТ-безбедноста  контролата на корисничките пристапи, следењето на активностите и заштитата на медицинските и личните податоци.

„За пациентите, пораката од ревизијата е едноставна: дигиталното здравство постои, но системот зад екранот сè уште не функционира со сигурност што би требало да ја има една национална здравствена инфраструктура. “ – стои во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија