Одлуката комисијата ја донесе како превентивна мерка и во објаснуавњето се вели дека одлуката за оваа мерка е донесена поради проверка на сериите на вакцините кои се користат кај нас,а се од истиот производител од Бугарија како во Хрватска.
Имено Хрватска деновиве донесе ваква мерка, во која се објаснува дека одредени сериски броеви од вакцината против туберкулоза којашто се става веднаш по раѓањето на детето се корумпирани со дополнителни соединенија кои може да предизвикаат остеомиелитис кај децата.
Во соопштението на Комисијата за имунизација на македонија не се споменува конкретен рок до кога вакциниањето ќе биде запрено, само информации дека ќе биде запрена се додена не се добијат комплетни информации и резултати од безбедносните проверки.
Инаку, според официјалниот Календар за имунизација на македонија БСЖ (BCG) вакцината против туберкулоза се прима при отпуштање од родилиште, односно најчесто во првите 24 до 72 часа од раѓањето на бебето. Доколку вакцинацијата не се спроведе во родилиштето, таа се одлага, а детето може да ја прими најдоцна до навршување на 1 година (12 месеци) без претходно туберкулинско тестирање.











