ТЕРА

REKLAMA???

Денови на пчеларство: медот недостига на трпезите 

Битола денеска е во знакот на медот и пчеларството. На 29-тите „Денови на македонското пчеларство“ пчеларите го промовираат својот производ, но и предупредуваат ,  климатските промени веќе сериозно го намалуваат производството, а домашниот мед дополнително се соочува со увоз и нелојална конкуренција.

Или,

Мед има, но сè потешко се произведува. Оваа година пчеларите во Македонија ја оценуваат како една од најслабите во последните години. Сушата и високите температури ја намалиле пашата, а пчеларите морале дополнително да ги прихрануваат пчелните семејства за да ги одржат во живот.  Ова значи помал приход, вели пчеларот Дабески од Гостивар. Пет генерации од неговото семејство се пчелари.

Од Министерството признаваат дека годинава производството на мед е намалено и дека климатските промени бараат нов пристап,  но чекорите ќе се реализираат по едно

„Имаме година кај што имаме намалени количини во производство на мед, но климатските промени мора да сфатиме дека веќе се реалност и ние мора да се прилагодуваме.“ – вели министероз за земјоделство, одостопанство и шумарство Борче Серафимовски .

Државата обезбедува финансиска поддршка за пчеларите. Во март годинава биле исплатени 21,4 милиони денари на 1.021 пчелар по една од мерките за поддршка на пчеларството. За регистрирано презимено пчелно семејство, пак, предвидени се 600 денари субвенција, со дополнителни средства под определени услови. Но пчеларите велат дека овие средства не ги покриваат ниту приближно реалните вложувања.

„Ние може пет пати, шест пати повеќе вложуваме во однос на тие средства…“ вели Менде, пчелар кој е директно вклучен во организацијата на манифестацијата.

Поддршката на производството  не е единствениот проблем. Домашниот мед се соочува и со конкуренција од увозни производи. Пчеларите предупредуваат дека на пазарот има евтин сомнителен увозен мед со кој домашниот производ тешко може да се натпреварува по цена. Затоа пчеларите бараат не само финансиска помош, туку и подобра заштита и препознатливост на домашниот производ.

И токму тука е вистинската работа којашто здружението на пчелари ја реализира во изминатите години. По повеќегодишна постапка, денеска осум пчелари добија решенија поврзани со заштитата на географското потекло. Целта е името „Маријовски мед“ да не може да го користи секој производител или препродавач, туку само оние кои ги исполнуваат утврдените критериуми.

„Со заштита на географското потекло, исклучиво само тие што ги исполнуваат тие критериуми ќе можат да го продаваат и нудат медот од Мариово.“

Од манифестација до манифестација, македонскиот мед станува сè попрепознатлив. Но зад секоја тегла стои сè поскапо производство. А на луѓето им е од исклучителна корист.

Блага од Битола ни раскажа дека секоја година пред зимскиот период мора за нејзиното семејство да купи 10 килограми мед , од Рапеш.

Помалку паша, помалку мед, повеќе прихрана и трошоци, а на пазарот – конкуренција од увоз. Затоа, главното прашање за македонското пчеларство веќе не е само како да се произведе повеќе мед. Туку како домашниот пчелар да остане на пазарот и да продолжи да произведува?  Денешното претставување на медари од целата држава помага само доколку посетителите од нивните тезги медот ко однесоа на своите трпези.