Патот од Битола до вжештените печки во Неапол на прв поглед изгледа незамислив. Но, за Елвис Тодоровски од Битола, ова патување е доказ дека страста не познава граници. Тодоровски денес не е само препознатливо име во светот на гастрономијата, туку и главен амбасадор и инструктор на престижната италијанска академија GPN (Gran Pizza Napoletana) за Хрватска, каде што веќе со години живее и твори, работејќи во познатата пицерија „Basilico“ во Велика Горица.
Неодамна, неговото име се запиша со златни букви во светската кулинарска историја, откако во Неапол, заедно со меѓународен тим, учествуваше во соборувањето на Гинисовиот рекорд – печење на неверојатни 12.400 пици за само 12 часа под екстремни временски услови.
https://www.youtube.com/watch?v=urp-fOH34Y8











