ТЕРА

REKLAMA???

Семејното насилство – нерешлив проблем?

Ноември е месец во кој полицијата во Македонија добила рекордни 25 пријави за семејно насилство за 5 дена, а во 14 од случаите пријавениот насилник бил проиведен. Серија на поредлози и една работна група од Министерството за социјална политика работат на законската регулатива којашто би овозможила ефикасно справување со проблемоит, а викендот што измина во главниот град имаше и протест.

„Не ја родив и чувам, за некој да ја претепа и запали жива“. Ова е еден  од највпечатливите транспаренти на протестот против фемицидот и семејното насилство што се одржа во Скопје.

Поводот за протестот е сериозно негативната полициска статистика во државата::  дека од 1-5 ноември во полицијата пристигнале 25 пријави за семејно насилство во сите гхрадови  и дека 14 од пријавените биле приведени.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи во првите 9 месеци од 2026 година имале 1.388 сторители на семејно насилство, со 1.433 жртви и тоа 1.144 биле жени, 289 биле мажи. Од сите, 1.337 биле кривични дела, 1.278 сторителите биле мажи.  Бројот на убиени жени досега за 2026 година е вкупно седум, 4 биле пријавени во првите два месењци од годината и мнозинството од овие се поврзани со родово базирано насилство.

Дополнително, во првите 9 месеци од 2026 година имало 3.869 поплаки за семејно насилство 3.971 пријавен сторител. Статистиката вели и  дека во 9те месеци од оваа година имало 191 прекршок поврзан со физичко семејно насилство, при што бројот прекршители мажи повторно е повисок од прекршители жени и бројот жртви жени повторно е повисок од жртви мажи.

Во споредба со европските земји, според податоци на ОБСЕ и извештаите на ГРИВИО од пред 3 години, Македонија е на високот трето место по фемицид после Латвија кадешто во 2023 година имало 17 убиени жени на милион жители и Литванија со 10 убиени жени на милион жители.

Бројни се иницијативите за поправка на нефункционалноста на институционалната соработка кога се работи за справување со случаевите на семејно насилство. Македонија сеуште се соочува со различните системи за евиденција на сторителите, нема единствен систем за следење на предметите, не се евидентираат систематски колкупати се прекршени изречените мерки на забрана, има недоволна системска заштита на жртвите, не постојат специјализирани услуги за нив  и, често судовите изрекуваат благи казни.

Оттука, државата во февруари започна јавна расправа за донесување на Национална стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство, формираше работна група за измена на закони којашто треба да ги даде овластувањата на полицијата но и поедноставување на сите чекори за заштита од семејно насилство. Измени треба да се донесат во  во законите за социјална заштита, правда за децата, законот за бесплатна правна помош, измени во законот за кривична постапка и законот за парнична плостапка и закон за исплата на паричен надоместок на жртви од дела на семејно насилство. Сеуште нема конкретни јавни податоци што досега завршила работната група.

Европската унија, дознавајќи ги информациите за состојбите со шелтер центрите, меѓу нив и двата во Битола, кои се нефункционални, пред два дена на Делегацијата во Македонија и наложи средба со граѓански организации и иницијатива за доделување на 3 милиони евра преку ИПА програмата за проекти кои ќе значат поседување на најмалку три целосно функционални шелтер центри за жртви на семејно насилство и трговија со луѓе.

Затоа што критиките на невладиниот сектор директно вклучен во проблематиката се дека во државата не постои 24 часовно кризно сместување, нема психосоцијална , правна и медицинска помош, ниту поддршка за вработување, помош при обезбедување на трајно домување, реинтеграција на жртвите.

Пред јавноста па”к е поставен и предлогот еднаш регистрираните семејни насилници да носат електронска нараквица којашто ќе ја алармира жртвата доколку тие се во нејзина близина, а сигналот истовремено ќе се пренесе и во полицијата.

 

Голем дел од овие предлози неможе да се реализираат во Македонија заради капацитетот на институциите-сите се со недоволно вработени или нестручни во материјата. Оттука, пак во државава потребни е континуирана едукација и издвојување на постојните службеници во институциите во групи сама за проблематиката на семејно насилство.

 

Во јуни годинава Собрнието донесе и неколку препораки :

 

  • Фемицидот да се третира како најтешко кривично дело, со можност за доживотен затвор.
  • ·Специјализиран кадар во центрите за социјална работа.
  • ·Единствен дигитален систем за размена на информации меѓу институциите.
  • ·Проширување на мрежата на шелтер-центри со достапност 24/7.
  • ·Задолжителен психосоцијален третман на сторителите.
  • ·Подолгорочна финансиска помош, домување и вработување за жртвите.
  • ·Задолжителни образовни програми за превенција.

Но, ова се само препораки, не и законски усвоени мерки, со акциони планови и стабилни финансии за имплементација. А тоа може да подразбира заштита само на хартија, а не како институционална, системска практика.