ПОЗНАТИОТ ВРВЕН МАКЕДОНСКИ КАРДИОЛОГ Д-Р САШКО КЕДЕВ Е НОВИОТ НАЈВОЗРАСЕН ГРАЃАНИН НА СВЕТОТ КОЈ ГИ ИСКАЧИЛ СИТЕ 14 СВЕТСКИ ПЛАНИНСКИ ВРВОВИ ПОВИСОКИ ОД 8.000 МЕТРИ. ДЕНОВИВЕ ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ ЈА ОБЈАВИ ВЕСТА. НО, КЕДЕВ НЕ Е ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ПЛАНИНАР/АЛПИНИСТ КОЈ ГИ КАЧУВА ПЛАНИНИТЕ НА 60 ГОДИНИ.
Додека многумина од нас се мислат дали да се качат пеш по скалите до третиот кат или да одат кај комшијата од приземје на кафе, познатиот кардиолог Сашко Кедев последните 16-тина години ги посветил на „прошетка“ по покривите на светот.
Последниот го освоил на 20 јули 2025 година, го освоил врвот Гашербрум во Пакистан со надморска висина од 8.080 метри, на своји 60 години и 14 дена. Така ги „собрал“ сите 14 светски 8 илјадарки.
Рекордот официјално е приззнат под две категории: најстар човек кој ги искачил сите 14 планини повисоки од 8.000 метри и, вторите најстар човек кој ги има комплетирано највисоките точки на секој континент.
Но, Кедев не е единствениот „стар човек“ кој од Македонија се шетга по белосветските планински врвови.
Листата почнува и завршува со битолчани: Петар Ставрев. Годинава, на свои 84 години ја задржа традицијата и се искачи на Пелистер, на вработените од Антена им однесе шампањ. Томе Лозановски, на свои 76 години планирал искачување на Мон Блан висок 4.810 метри, Јоце Смилевски битолски планинар кој на свои 70 години го искачил врвот Ајланд Пик на Хималаите висок 6.189 метри, Томе Лисичанец, во прилог на ТЕРА во својата 70 годишна возраст зборува за скоро 7 децениско планинарско искуство.
Цела година траела процедурата од моментот на регистрирање на искачувањето на Кедев, до годинешното објавување на потврдата на рекордот на Кедев при што освен апликација потреби се и докази за постигнатиот успех-сите кои ги о возможува современата технологија сосе фотографии и потврда за т.н Вистински врв или True Summit кадешто стандардната рута засвршува неколку метри пониско од највисоката точка. Оттука, Гинисовци, со експертска и GPS анализа потврдиле дека Кедев стапнал на самата највисока природна точка на врвот.
За заинтересираните, Кедев до рекордот стигна искачувајќи се на Монт Еверест, Манаслу, Даулагири 1, К2, Броуд Пик,Анапурна 1, Нанга Пармат,Чо Оју, Макалу, Лхотсе, Шиша Пангма, Гашербрум 2, Каченџунга и на крај пакистанскиот Гашербрум 1.











